Во Виена синоќа на прекрасна сцена и визуелни ефекти се одржа правата полуфинална вечер на Евровизискиот натпревар, на кое се претставија вкупно 15 земји.
Во оваа вечер свој настап имаа и Хрватска, Србија и Црна Гора, како и претставници на Молдавија, Шведска, Грција, Португалија, Грузија, Финска, Естонија, Израел, Белгија, Литванија, Сан Марино и Полска.
Во финалето се пласираа Грција, Финска, Белгија, Шведска, Молдавија, Израел, Србија, Хрватска, Литванија, Полска. Финалето ќе се одржи на 16 мај.
Сепак неколку земји одлучија да не учествуваат или се повлекоа од натпреварот. Овој бојкот главно е поврзан со учеството на Израел во натпреварот, што предизвика сериозни политички реакции и незадоволство кај дел од европската јавност.
