Вести Македонија

Обвинителството во Кичево може да остане со двајца обвинители

Кичевското обвинителство кое од јуни може да остане со двајца  обвинители  има најмногу нерешени предмети. Актелната шефица заминува во пензија. Ако не се преземе нешто ќе има проблеми да ги извршува и основните работи посочи  вишиот обвинител Фаик Арслани. Тој во советот  го презентираше извештајот за работата на обвнителствата од вишото гостиварското подрачје. Тетовското обвинителство пак е во подобра состојба но има истражен центар кого Арслани го нарече импровизиран затоа што има  само двајца истражители без услови и опрема . Лани на ова подрачје имало помалку кривични пријави но немало ниту една конфискација.

„ Оваа година немало, но претходните се сеќавам имало и предметите кои се како резултат на извршување на кривично дело се одземаат со правосилни судски предмети. Конфискацијата, тоа е реално дека оваа година нема. Не би ги коментирал кадровската екипираност и просторните услови затоа што тие се општо познати и не се на задоволнително ниво,и влијаат на ажурноста и квалитетот на донесените одлуки “,  изјави Тонски Фаик Арслани,  шеф на Вишо обвинител во Гостивар.

Кадровска состојба- проблематична и кај обвинителствата на подрачјето на битолското вишо обивнителство. Во систематизација 45 а во пракса половина помалку, презентираше шефот на вишото битолско обвинителство. Државниот јавен обвинител Савески не присуствуваше на седницата на советот на јанвите обвинители. Претседателот на советот рече дека е оправдано отсутен.

Елена Ивановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош

Дејан Дејан

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД

Дејан Дејан

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе