Во првите три месеци од годинава пазарот на недвижности бележи значителен пад. Бројот на купопродажни договори и закупи во првотот тромесечје годинава споредено со четвртиот квартал од претходната година е намален за 16,4 отсто. Тоа укажува на намалена пазарна активност, се вели во извештајот на Катастар. Според податоците, бројот на продадени станови во првиот квaртал од годинава е намален за 27 проценти во однос на четвртиот квартал од минатата година, а нивната вкупна финансиска вредност е намалена за 23 отсто.
Дополнително, во првиот квартал од годинава продадени се недвижности во износ 275 милиони евра, каде, исто така, е регистрирано намалување во однос на претходниот квартал. Во првиот квартал од годинава има намалување за 29 отсто и во делот на новоизградени станови од инвеститор во споредба со претходниот квартал.
Закупот на станови во првиот кваратал годинава исто така бележи пад и тоа од 47 отсто на бројот на станови и пад на вкупната месечна закупнина од 40 отсто.
