СДСМ му го честиташе изборот на Румен Радев за премиер. Од партијата изразија надеж дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Македонија, со цел градење добрососедски односи што ќе бидат во интерес на граѓаните на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на „Икс“ наведе дека веруваат оти преку конструктивен дијалог, без прекршување на црвените линии и со почитување на националниот идентитет и европските принципи, може да се надминат сите отворени прашања и да се забрза европскиот пат на целиот регион.
„Добрососедските односи се најголем приоритет за заеднички соживот во големото европско семејство“, наведува Филипче во објавата.
