Вести Македонија

Пет лица во Агенцијата за управување со одземен имот местеле јавна набавка за продажба на хаварисани возила

Пет лица вработени во Агенцијата за управување со одземен имот и управители на две правни лица се осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка.

Според пријавата од Финансиската полиција, тие оневозможиле конкуренција во постапка за продажба на хаварисани моторни возила – старо железо, организирана од Агенцијата за управување со одземен имот.

Шемата била реализирана на следниов начин –  една од фирмите само формално конкурирала на постапката за јавна набавка и  доставила понуда со намерна техничка грешка и нереален паричен износ. Со ова оневозможила понатамошно наддавање на останатите учесници.

Членовите на комисијата  за спроведување на постапката, спротивно на одредбите од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети, свесно помогнале во реализација на договорената шема. Договор за продажба на одземени хаварисани возила како старо железо се склучила со правен субјект управуван од Н.И., при што правното лице се стекнало со противправна имотна корист од 2.128.352 денари.

Финансиската полиција поднесе кривични пријави и случајот го достави до Јавното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе