Вести Македонија Најважни

Реконструкција во јуни, нови партии во владата?!

Можно е и нови партии да влезат во владата, најави премиерот, но она што е засега сигурно е дека во јуни ќе има реконструкција, откако ќе заврши внатре-партиската реорганизација во ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски не сакаше да ги коментира позициите на министерот за труд и социјала, Фатмир Лимани, кој вчера изјави дека повеќе не е дел од коалицијата „Вреди“, како и на вицепремиерот Арбен Фетаи кој одамна не доаѓа на работа. Одговорот, вели, треба да се бара во „Вреди“, за кои рече дека им се стратешки партнери и претпоставува дека и понатаму ќе бидат дел од владата. Тврди дека засега нема конечни одлуки за смена на министерските позиции.

Мицкоски не одговори директно ниту дали ќе има  евентуална прераспределба на политичката моќ меѓу коалиционите партнери, откако ЗНАМ остане без еден пратеник, по напуштањето на Миле Цеков. За оваа партија се шпекулира и дека би можела да остане без уште еден пратеник, Даниел Стојчевски, кој е близок со Цеков, но тој денеска демантираше. Со напуштањето на Цеков, ЗНАМ останаа со пет пратеници во Собранието.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе