Можно е и нови партии да влезат во владата, најави премиерот, но она што е засега сигурно е дека во јуни ќе има реконструкција, откако ќе заврши внатре-партиската реорганизација во ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски не сакаше да ги коментира позициите на министерот за труд и социјала, Фатмир Лимани, кој вчера изјави дека повеќе не е дел од коалицијата „Вреди“, како и на вицепремиерот Арбен Фетаи кој одамна не доаѓа на работа. Одговорот, вели, треба да се бара во „Вреди“, за кои рече дека им се стратешки партнери и претпоставува дека и понатаму ќе бидат дел од владата. Тврди дека засега нема конечни одлуки за смена на министерските позиции.
Мицкоски не одговори директно ниту дали ќе има евентуална прераспределба на политичката моќ меѓу коалиционите партнери, откако ЗНАМ остане без еден пратеник, по напуштањето на Миле Цеков. За оваа партија се шпекулира и дека би можела да остане без уште еден пратеник, Даниел Стојчевски, кој е близок со Цеков, но тој денеска демантираше. Со напуштањето на Цеков, ЗНАМ останаа со пет пратеници во Собранието.
Далиборка Демјанска Цветановска
