Вести Македонија Најважни

Со континуирано нечовечко и сурово однесување Стојанче ја навел Ивана на самоубиство – осуден е на максимална казна затвор

Обвинетиот Стојанче Јовановски  е осуден на 12 години затвор за трите кривични дела за кои беше обвинет за наведување на самоубиство на Ивана и Катја.

Според Судот, обвинетиот со континуираното физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и очајна состојба што било причина таа да посегне по својот живот и животот на нејзината ќерка. Насилството трело од 2023 континуирано на различни места, често и во присуство на детето. Тој и се заканувал велејќи и дека ќе ја избрка од станот, ќе ја убие и ќе и ја земе Катја.

Според пресудата која ја прочита судијата, обвинетиот Стојанче Јовановски критичниот ден на 2 март од 11часот до 12 и 20 часот,  на повеќе локации ја удирал Ивана со тупаници, шлаканици, ја навредувал и пцуел. Ивана во еден момент изгубила свест од ударите, а откако се освестила продолжил да ја удира и да и се заканува со зборовите „Ќе ти го уништам животот, мамето твое, нема да ја видиш Катја, ќе те убијам кога ќе излезам од затвор“. Со нив бил и сведокот Мартин Саздов кој како што рече судијата не успеал да ја одбрани Ивана од Стојанче.

Физичкото и психичкото насилство продолжиле, и по 13 и 30 часот  кога ја земала Катја од училиште и заминале кон дома.

„Насилството продолжило и кога се качиле во станот и пред нивната ќерка. Тогаш и се обратил со зборовите „курво една, ќе те избркам од станот и ќе ги сменам бравите, ќе видиш ти со кој си фатила работа“, рече судијата.

По ова Стојанче и Мартин излегле од станот, а по кратко време Ивана држејќи ја Катја во рацете, ја отворила вратата и им рекла „Ќе легнеме со Катја, малку да се одмориме“.

Ова биле последените зборови на Ивана пред да скокне од шестиот кат на зградата заедно со Катја.

„Со ваквото континуирано, сурово и нечовечко однесување, обвинетот кај оштетената создал состојба на тешка психичка вознемиреност, страв, безнадежност и чувство на безизлесност и таа без разумно да управува и да ги контролира своте постапки извршила самоубиство по неколку минути заедно со малолетното дете.  двете паднале на бетонската плоча пред зградата“ рече судијата.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе