Обвинетиот Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за трите кривични дела за кои беше обвинет за наведување на самоубиство на Ивана и Катја.
Според Судот, обвинетиот со континуираното физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и очајна состојба што било причина таа да посегне по својот живот и животот на нејзината ќерка. Насилството трело од 2023 континуирано на различни места, често и во присуство на детето. Тој и се заканувал велејќи и дека ќе ја избрка од станот, ќе ја убие и ќе и ја земе Катја.
Според пресудата која ја прочита судијата, обвинетиот Стојанче Јовановски критичниот ден на 2 март од 11часот до 12 и 20 часот, на повеќе локации ја удирал Ивана со тупаници, шлаканици, ја навредувал и пцуел. Ивана во еден момент изгубила свест од ударите, а откако се освестила продолжил да ја удира и да и се заканува со зборовите „Ќе ти го уништам животот, мамето твое, нема да ја видиш Катја, ќе те убијам кога ќе излезам од затвор“. Со нив бил и сведокот Мартин Саздов кој како што рече судијата не успеал да ја одбрани Ивана од Стојанче.
Физичкото и психичкото насилство продолжиле, и по 13 и 30 часот кога ја земала Катја од училиште и заминале кон дома.
„Насилството продолжило и кога се качиле во станот и пред нивната ќерка. Тогаш и се обратил со зборовите „курво една, ќе те избркам од станот и ќе ги сменам бравите, ќе видиш ти со кој си фатила работа“, рече судијата.
По ова Стојанче и Мартин излегле од станот, а по кратко време Ивана држејќи ја Катја во рацете, ја отворила вратата и им рекла „Ќе легнеме со Катја, малку да се одмориме“.
Ова биле последените зборови на Ивана пред да скокне од шестиот кат на зградата заедно со Катја.
„Со ваквото континуирано, сурово и нечовечко однесување, обвинетот кај оштетената создал состојба на тешка психичка вознемиреност, страв, безнадежност и чувство на безизлесност и таа без разумно да управува и да ги контролира своте постапки извршила самоубиство по неколку минути заедно со малолетното дете. двете паднале на бетонската плоча пред зградата“ рече судијата.
