Вести Македонија

(Во живо) Изрекување на пресудата за Стојанче Јовановски обвинет за наведување на самоубиство на Ивана и Катја

Кривичниот суд треба да ја објави пресудата за Стојанче Јовановски, кој е обвинет за три кривични дела меѓу кои и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана која скокна од зграда заедно со шестгодишната ќерка Катја.

Јовановски е  обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот.

Обвинителството бара на Стојанче Јовановски да му биде изречена максимална казна, а тој негираше дека трагедијата е последица на неговите постапки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе