Кривичниот суд треба да ја објави пресудата за Стојанче Јовановски, кој е обвинет за три кривични дела меѓу кои и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана која скокна од зграда заедно со шестгодишната ќерка Катја.
Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот.
Обвинителството бара на Стојанче Јовановски да му биде изречена максимална казна, а тој негираше дека трагедијата е последица на неговите постапки.
