Вести Македонија

Пресуда за Стојанче Јовановски по трагедијата на втори март

Денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, која треба да се слушне во Основниот кривичен суд Скопје.

Јовановски е  обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот.

На  минатото рочиште обвинителството поара Максимална казна за Јовановски. Обвинетиот негираше дека трагедијата е предизвикана од него.

-Обвинителството предлага максимална казна за сите три кривични дела. Не само заради Ивана. Не само заради Катја, туку заради и пораката дека психичкото и семејното насилство може да убива исто толку сигурно како и физичката сила. Обвинителството бара казна која ќе испрати јасна порака дека ваквото однесување не смее и нема да биде толерирано – Адела Бојчевиќ, обвинителка.

Зошто посегнала по животот на своето дете, одговорот според обвинителката го дало темелното психијатриско форензичко вештачење. Ивана сметала дека детето е во опасност.

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, тој вели „се би дал да можам да го вратам моето дете и мојата сопруга“

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе