Денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, која треба да се слушне во Основниот кривичен суд Скопје.
Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот.
На минатото рочиште обвинителството поара Максимална казна за Јовановски. Обвинетиот негираше дека трагедијата е предизвикана од него.
-Обвинителството предлага максимална казна за сите три кривични дела. Не само заради Ивана. Не само заради Катја, туку заради и пораката дека психичкото и семејното насилство може да убива исто толку сигурно како и физичката сила. Обвинителството бара казна која ќе испрати јасна порака дека ваквото однесување не смее и нема да биде толерирано – Адела Бојчевиќ, обвинителка.
Зошто посегнала по животот на своето дете, одговорот според обвинителката го дало темелното психијатриско форензичко вештачење. Ивана сметала дека детето е во опасност.
