Вести Спорт

Почина Владимир Цветковиќ, кошаркарска легенда и еден од архитектите на шампионскиот ростер на Црвена звезда

Долгогодишниот спортски работник на Црвена Звезда, Владимир Цветковиќ почина во 84 година од животот.

Цветковиќ е роден на 24 мај во 1941 година во Лозница и целиот играчки век го мина во Црвена звезда. Дипломира Економски факултет во Белград и иако ќе остане запаметен како кошаркарска легенда, сепак, спортската кариера ја почна како фудбалски голман.

За белградските „црвено-бели“ настапуваше цели 13 сезони – од 1959 до 1972 година. Во тој период освои две титули шампион на Југославија и една во националниот Куп.

Со репрезентацијата на Југославија освоичетири сребрени медали на големите меѓународни турнири – на СП 1963 во Бразил и на СП 1967 во Уругвај, на ЕП 1969 и на Олимписките игри во Мексико во 1968 година.

По завршување на играчката кариера, нова, импресивна. Како долгогодишен генерален секретар на Црвена звезда, во тандем со Драган Џаиќ, беше еден од клучните луѓе во создавање на тимот кој во 1991 година го освои тогашниот Куп на европски шампиони во Бари, по победата над Олимпик Марсеј на пенали, а потоа ја освои и Интерконтиненталната титула во Токио по триумфот (3:0) над екипата на Коло Коло од Чиле.

Фото: printscreen/youtube

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Струјата нема да поскапи, туку ќе биде поевтина за граѓаните

Дејан Дејан

Мицкоски во „Директно“: Поранешни функционери наскоро пред лицето на правдата, опозицијата клевети без докази

Дејан Дејан

ЗНМ го осудува попречувањето на новинарска екипа во Тетово и бара итна истрага

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе