Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот А3 кај Среданац во правец на Брегана, кога камион ja пробил оградата, удрил во далновод и се запали.
За возачот медиумите пренесуваат дека најверојатно е од Македонија, и истиот останал заробен во возилото.
Пријавата за сообраќајната несреќа ја примил Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа Брод-Посавина во 14:18 часот вчера. Се однесувала за пожар во камион во кој имало едно лице.
-Возилото ја проби централната заштитна ограда од јужната лента на автопатот и заврши на северната лента, удирајќи во далновод. Сите служби за итни случаи беа испратени на местото на настанот, а ќе следи истрага, која ќе ги утврди фактите и околностите поврзани со инцидентот, соопшти полицијата од Брод-Посавина.
View this post on Instagram
Според неофицијални информации од локалниот онлајн портал SB, возачот бил заробен во возилото и починал. Наводно станува збор за постар државјанин на Македонија.
Точната причина за несреќата и дали има повредени ќе се знае по истрагата.
