Вести Македонија Најважни

Трет пат Собранието ќе се обиде да избере член за ДКСК

Интервју на пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска ќе спроведе Собраниската Комисија  за прашања на изборите и именувањата. Станува збор за повторен оглас, откако Комисијата одлучи по спроведените интервјуа по првиот оглас да не предложи нов член на ДКСК.

На огласот пријавени се петмина кандидати Милка Муратовска, Тања Левајковиќ, Владимир Клековски, Марија Катралова Китанов и Катерина Зајковска.

На повторениот оглас пак се пријавени Владимир Клековски, Милка Муратовска и Марија Катралова Китанов.

По извршените интервјуа Комисијата треба да предложи кандидат за нов член на ДКСК до Собранието.

Собранието распиша оглас за нов член на ДКСК по оставката на Цвета Ристова.

По втор пат Собранието ќе се обиде да избира член за ДКСК, се пријавиле петмина

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Дејан Дејан

Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Дејан Дејан

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе