Вести Македонија Топ вести

По втор пат Собранието ќе се обиде да избира член за ДКСК, се пријавиле петмина

Втор обид на собранието за избор на испразнетото место во Антикорупциската комисија откако првиот пропадна поради нерегуларности.

За вторник е најавена седницата на која ќе бидат интервјуирани кандидатите.

И на овој оглас се пријавиле петмина, од кои тројца се повторуваат како на претходниот кој беше неуспешен.

Меѓу пријавените повторно е Владимир Клековски кој е брат на актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување и поранешен член на извршниот комитет на владеачката, ВМРО ДПМНЕ, Сашо Клековски.

Тој на претходното интервју тврдеше дека нема никаква законска пречка за да биде избран за член на антикорупциската комисија.

И сега како и претходно се пријавени, Милка Муратовска, која е советник кај Народниот правобранител, а и за неа на претходниот избор беше спорно тоа што во комисијата за избор членува токму преставник од оваа институција.

Тој се изземал, но со тоа автоматски таа добива помалку гласови од останатите. На претходниот оглас беше пријавена и Марија Катларова Китанов која доаѓа од националната агенција за европски образовни програми каде е ревизор.

Иако аплицираше минатиот пат не се појави на интервјуто.

Двајца нови кандидати се Катерина Зајковска и Тања Левајковиќ. Зајкова е веќе вработена во ДКСК како раководител на одделение за следење на финансирање на партии и кампањи како и корупција во јавните набавки.

Левајковиќ во моментов нема работна позиција, но попозната во јавноста е како помошник министер за внатрешни работи и во владата на ВМРО ДПМНЕ и во владата на СДСМ.

Таа до 2025 година беше директор за правни прашања во СЕЛЕК, а последно беше на листата за советници на Шанса за Центар за локалните избори, но не влезе во советот.

Пред месец и половина конкурсот за избор на член беше поништен поради сомнителните кандидатури. Имаше пријавено двајца кандидати за кои Телма објави дека во минатото се можни донатори на владеачката партија, а тие на интервјуто рекоа дека не се сеќаваат.

Од друга страна изјава дека не биле донатори доставиле до Собранието што е законска обврска.

Спорно беше и тоа што има кандидат што е брат на директор, како и специфичниотслучај со кандидат од Народниот правобранител.

Местото е испразнето откако Цвета Ристова си поднесе оставка.

За неа Телма објави дека фирма на еден од синовите земал пари од кампањи од партии, додека таа била и ревизор и член на ДКСК. Таа пак не ги пријавила двете фирми кои ги имаат синовите во нејзиниот анкетен лист.

Беше сомнително и тоа како преку други лица учествувала во распределбата на предметите, а токму таа и го работеше предметот за директорот на АНБ и дипломата од универзитет каде таа беше предавач. Антикорупциската отвори два предмети против неа кои се уште не се завршени.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Дејан Дејан

Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Дејан Дејан

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе