Вести Македонија Топ вести

Одбележување на Денот на македонскиот јазик

На денешен ден, 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

На  130. седница на Владата на Република Македонија беше донесена одлука 5. мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение.

Денот на македонскиот јазик 5 Мај се одбележува официјално од 2019 година, во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945 за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, откако на заседанието на АСНОМ во 1944 македонскиот е прогласен за официјален јазик во целата република.  Македонскиот јазик е кодифициран и стандардизиран и со озаконувањето на првиот правопис, на 7 јуни 1945.

Денеска со пригодни настани овој ден ќе го одбележат Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ , собраниската Комисија за култура и туризам и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство со Работилница „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“ .

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Дејан Дејан

Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Дејан Дејан

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе