Uncategorized Вести Најважни Свет

Завршија првите две фази од разговорите меѓу Иран и САД

Првите две фази од директните разговори меѓу Иран и САД, со посредство на Пакистан, заврши денеска, а вечерва или утре се очекува трета фаза. Делегациите размениле писмени предлози со цел приближување на ставовите за можен договор, објави државната телевизија во Иран.

Според извори блиски до иранската делегација, нивното учество во преговорите било условено од одлуката на САД да ослободат дел од замрзнатите ирански средства – клучно барање на Техеран во рамки на неговиот план од 10 точки. Вашингтон засега не ги потврди ниту ги демантира овие наводи.

Преговорите, како што се наведува, се одвивале во „конструктивна атмосфера“, со неколку рунди разговори, по што делегациите одржале и заедничка вечера, а потоа следела размена на дипломатски ноти.

Од иранска страна посочуваат дека разговорите продолжуваат на ниво на делегации, со обиди да се пронајдат дополнителни механизми за продлабочување на дијалогот.

Во меѓувреме, дипломатски извори откриваат дека Пакистан се обидува да обезбеди продолжување на разговорите за уште еден ден или организирање нова рунда, со цел да се постигне поконкретен напредок. Засега, таква одлука не е официјално донесена.

Пакистанските посредници нагласуваат дека сè уште постои реална можност за напредок и дека активно ги охрабруваат двете страни да покажат флексибилност и подготвеност за компромис.

Според нивните проценки, понатамошниот тек на процесот ќе зависи од политичката волја на Техеран и Вашингтон да ги дефинираат следните чекори, вклучително и механизмите за продолжување на дијалогот и можноста за директни средби на повисоко ниво.

Двете страни, неофицијално во почетната фаза ги изложиле своите максималистички позиции. Сепак, извесен напредок бил постигнат околу неколку клучни прашања, меѓу кои и нападите на Израел врз Либан, одмрзнувањето на иранските средства и прашањето за слободата на пловидба низ Ормутскиот теснец.

Разговорите во Исламабад имаат за цел постигнување поширок договор за трајно намалување на тензиите, откако претходно беше договорен двонеделен прекин на огнот.

Американската делегација е предводена потпретседателот Џ.Д. Венс, заедно со специјалните пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, додека на чело на иранската делегација е претседателот на парламентот, Мохамед Багер Калибаф.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе