Вести Свет Топ вести

Поранешен советник на Обама: Ќе видиме дали војската на САД е подготвена да му каже „не“ на Трамп

Поранешниот заменик-советник за национална безбедност на САД во администрацијата на претседателот Барак Обама, Бен Роудс со критики на пристапот на Трамп кон војната во Иран. Според него, „сè повеќе се чувствува како еден човек во една соба да донесува одлуки“.

Тој претходно во изјава за „Тудеј“ на BBC Radio 4 рече дека Трамп се чини дека не се потпира на политички и воени советници и не го следи „нормалниот процес“. Роудс вели дека американскиот претседател ризикува воени злосторства, со неговото последно предупредување за цивилната инфраструктура на Иран.

„Ќе видиме дали американската војска е подготвена да му каже „не“ на Трамп“, додава Роудс според кого Трамп мора да прифати дека војната ќе заврши само на преговарачка маса. Роудс признава дека Иран е ослабен од нападите, но додава дека Иранците на некој начин се зајакнати со демонстрацијата на контролата врз Ормутскиот теснец, со што прават притисок врз глобалната економија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе