На средба со дистрибутерите, трговците и сопствениците на маркетите, која ќе се одржи денеска во Владата, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе им соопшти дека „кризата заврши“ и дека од нив се очекува да ги поевтинат производите особено прехранбените производи.
„ Граѓаните беа толерантни, сега е на ред да се оддолжите и веднаш да ги намалите цените на производите, посебно на основните прехранбени производи“, рече Мицкоски, најавувајќи што ќе биде неговата главна порака до нив.
Тој напомена дека Владата има механизми да ги намали цените, ако тие одбијат да го сторат тоа.
„Оправдувања и изговори не прифаќам“. рече Мицкоски.
Тој не кажа колку очекува да се намалат цените но додаде дека ќе се направат споредби со цените во регионот. Ако треба во одредени маркети и јавно ќе ги посочиме производите кои треба да поветинат “ рече тој.
