АД МЕПСО ги повикa земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа.
- Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците на далекуводите
- Не поставувајте цевководни системи за наводнување во далекуводните траси и под проводните јажиња
- Не ги кревајте металните цевки во близина на проводниците, бидејќи металот е проводник на електрична енергија
- Не го поставувајте прскалките за наводнување под проводниците и во безбедносните коридори на далекуводите. Допирот на водениот млаз со проводниците може да предизвика сериозни последици и да го загрози човечкиот живот
- Не палете стрништа во близина на далекуводи, бидејќи пожарите можат да предизвикаат прекини и оштетувања во електропреносниот систем.
Дополнително, апелираме до спортските риболовци да бидат внимателни при користење на риболовните стапови во близина на далекуводите, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите и заштитните коридори на далекуводите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
