Вести Најважни Свет

Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија

Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија, откако од неговата партија  потврдија дека не го сметаат за најдобра опција да ја води земјата до следните општи избори.

„Го слушнав одговорот“ и „го прифаќам тој одговор со добра волја“- рече Стармер.

Во изјава пред Даунинг стрит 10, премиерот кажа дека секоја одлука што ја донел додека бил на функција била во интерес на земјата која била на прво место. Станувањето премиер го опиша како „најгорд момент“ во неговиот живот и рече  дека наследил Лабуристичка партија која била „политички, финансиски и морално банкротирана“,.

Тој веќе  разговарал со кралот и рече дека доколку има натпревар за негов наследник, нов лидер на Лабуристите ќе биде назначен пред септември.  До тогаш тој  ќе остане на чело на партијата.

Премиерот додаде дека ќе направи сè што може за да обезбеди уредно предавање на власта и дека ќе му ја даде целосната поддршка на својот наследник. Тој рече  дека ќе побара од Националниот извршен комитет на Лабуристичката партија номинациите за нов лидер на партијата да се отворат на 9 јули.

Изборот за нов лидер може да заврши и без натпревар ако Енди Бернам се кандидира без конкуренција.  Енди Бернам, поранешен градоначалник на Манчестер, денес ќе биде во Вестминстер за да положи заклетва како пратеник за Мејкерфилд, откако победи на дополнителните избори минатата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до трговците: Кризата заврши, намалете ги цените на прехранбените производи

Дејан Дејан

Мицкоски најави намалување на цените на бензините до 3 денари, а дизелот да поевтини 7 денари по литар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе