Поранешниот заменик-советник за национална безбедност на САД во администрацијата на претседателот Барак Обама, Бен Роудс со критики на пристапот на Трамп кон војната во Иран. Според него, „сè повеќе се чувствува како еден човек во една соба да донесува одлуки“.
Тој претходно во изјава за „Тудеј“ на BBC Radio 4 рече дека Трамп се чини дека не се потпира на политички и воени советници и не го следи „нормалниот процес“. Роудс вели дека американскиот претседател ризикува воени злосторства, со неговото последно предупредување за цивилната инфраструктура на Иран.
„Ќе видиме дали американската војска е подготвена да му каже „не“ на Трамп“, додава Роудс според кого Трамп мора да прифати дека војната ќе заврши само на преговарачка маса. Роудс признава дека Иран е ослабен од нападите, но додава дека Иранците на некој начин се зајакнати со демонстрацијата на контролата врз Ормутскиот теснец, со што прават притисок врз глобалната економија.
