Вести Македонија Топ вести

Тренчевска: 2 години Влада на Мицкоски – нема повисоки плати, нема подобар стандард

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција упати сериозни критики до власта, нагласувајќи дека по две години од Владата на ВМРО, животниот стандард на граѓаните е намален, а народот живее потешко, поскапо и понеизвесно.

Според опозицијата, ветувањата на владејачката партија за повисоки плати и достоинствен живот на социјално ранливите категории останале неисполнети, додека во изминатиот период забрзано се зголемуваат единствено цените, трошоците за живот и сиромаштијата. Од СДСМ посочуваат дека најавената инфлација од 2,5% денес изнесува 4,8%, што е речиси двојно повеќе од ветеното, а за покривање на основните трошоци на едно четиричлено семејство сега му се потребни речиси 70.000 денари месечно.

Тренчевска во својот говор директно ги обвини владејачките структури за манипулација со пензионерите и кратење на нивните пари преку напуштање на претходниот систем на усогласување, кој, како што тврди таа, би донел поголем раст на пензиите два пати во годината. Таа додаде дека во изминатите две години ВМРО нема исполнето ништо од социјалните ветувања, вклучително и зголемувањето на гарантираната минимална помош и посебниот додаток.

На крајот од своето обраќање, потпретседателката на опозициската партија ги сумираше економските и социјалните политики на премиерот Христијан Мицкоски со критика за целосен неуспех на сите полиња.

„Резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА! Нула во подобрувањето на животниот стандард, нула во зголемување на платите, нула во напредкот на државата“, истакна Јована Тренчевска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски со порака до трговците: Кризата заврши, намалете ги цените на прехранбените производи

Дејан Дејан

Мицкоски најави намалување на цените на бензините до 3 денари, а дизелот да поевтини 7 денари по литар

Дејан Дејан

Петрушевски: Филипче не гледа закана за идентитетот, затоа што за него власта е поважна од националните интереси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе