Франција ги стави службите за итни случаи и воените сили во состојба на тревога од шумски пожари, ја ограничи јавната потрошувачка на алкохол и откажа некои спортски настани на отворено за да се справи со топлотниот бран што се шири низ делови од Европа.
Околу една третина од Франција е под црвена тревога на националната метеоролошка служба. Температурите се високи на национално ниво, се очекува да надминат 40 Целзиусови.
Ајфеловата кула и другите места во Париз поставија станици со ладна водена пареа за да ги разладат туристит. Луѓето се разладуваат на фонтаните, градските базени се бесплатни, а некои пливаат во градскиот канал Сент Мартин.
Властите се особено загрижени за постарите луѓе како во домовите за стари лица, така и оние кои живеат сами.. Јавноста не ја заборави 2003-та година кога во Франција починаа околу 15.000 постари луѓе во топлотниот бран..
Шпанија, Италија, Германија и Обединетото Кралство, исто така, доживуваат високи температури.. еве што велат туристите но и кои се препораките на експертите..
