Австралиската полиција заплени 2,7 тони кокаин што е најголемата заплена досега во земјата .
Дрогата била пронајдена под лажни подови на три контејнери за превоз во Лондондери.
Дрогата, е со проценета улична вредност од 500 милиони евра.Во рамки на акцијата која започна во мај кога беа запленети 40 килограми кокаин, запрен е и брод кој пловел на Соломонските Острови а за кој се сомнева дека е дел од операцијата за шверц.
Уапсени се двајца мажи на возраст од 21 и 25 години, кои се обиделе да избегаат од полицијата, и на кои им се заканува доживотен затвор ако се докажат обвиненијата за поседување комерцијална количина дрога.
И покрај својата оддалеченост, Австралија е профитабилен пазар за трговија со дрога, а Австралијците и Новозеланѓаните имаат највисоки стапки на употреба на кокаин во светот.
