Ако граѓаните продолжат да фрлаат отпад во Охридското езеро, ќе го загубиме подводното културно наследство. Ова во интервју за „ Култ- култура“ го кажа Валентина Тодороска, единствениот подводен археолог во Македонија и кустос во Археолошкиот музеј.
Таа ја стекнала првата обука за подводен археолог во Црно море, уште како апсолвент во 2000 година. За тоа , но и за вредноста на подводниот локалитет Врбник , што се наоѓа во Охридското езеро, кој што Тодороска го истражува со години, за стекнувањето европски сертификат за нуркач за научни потреби, како и за нејзините активности ова лето како дел од работата во Археолошкиот музеј.
Сотир Трајков
Снимател: Фахрудин Смаилагиќ
