Партијата ДОМ достави официјален допис до министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во очекување на објавата за јавна расправа по новото барање за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола на „Титан УСЈЕ“.
Од ДОМ бараат јасни, обврзувачки и законски дефинирани стандарди, сметаат дека одредбите кои дозволуваат одредени информации да бидат прогласени за „деловна тајна“, можат да ја ограничат транспарентноста и јавниот увид во податоците за штетни емисиите..
ДОМ бара „Титан УСЈЕ“ да биде обврзан на „нула“ емисии во рок од 6 месеци преку инсталација на филтри од последна генерација, 24/7 јавен дигитален мониторинг со податоци во живо на веб-страницата на министерството и на јавни екрани во Општина Кисела Вода, како и воведување системи за вбризгување активен јаглен и соодветни филтри за целосно неутрализирање на диоксините и фураните.
