Во недела е осми март, а веќе денеска во сите градинки и училишта фрчат подароци за учителките, наставничките, професорките кои не можат да се однесат дома…
Осми март – Меѓународниот ден на жената. Празник кој историски ја симболизира борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност.
Но, кај нас, долго време не е така. Деновиве главна тема беа подароците. Колку пари ќе се собираат, каков подарок ќе се купи, дали ќе биде ваучер, чанта, парфем или нешто петто. Учениците, но и родителите, како на натпревар се впуштаат во потрага по „совршениот“ подарок. Она што треба да биде симбол на внимание и почит – цвеќето – сѐ почесто останува во сенка на скапите подароци.
И каква порака им испраќаме на децата кога празникот го сведуваме на материјални подароци?
Дали во училиштата се претерува со подароците и треба ли да се стави крај на практиката на собирање пари за подароци за учителките за 8 Март?
Дали се губи вистинското значење на Меѓународниот ден на жената?
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
