Uncategorized Вести Култура

Почина оскаровецот Роберт Дувал, најпознат по улогите во „Кум“ и „Апокалипса сега“

Еден од најценетите американски актери, Роберт Дувал, најпознат по улогите во „Кум“ и „Апокалипса сега“, почина во 95 година од животот.

Дувал починал во својот дом, се наведува во соопштението на семејството.

Незаборавна улога ја имаше како Том Хејген, советник на фамилијата Корлеоне во филмот „Кум“ на Френсис Форд Копола за која ја доби првата од седумте номинации за Оскар во 1972 година. Истата улога ја имаше и две години подоцна во филмот „Кум 2“.

Номинации за Оскар доби и за улогите во филмовите „Големиот Сантини“ и „Апокалипса сега“, каде го толкуваше ликот на потполковникот Килгор кој остана запамете по познатаа реплика „Го сакам мирисот на напалм наутро“.

Имаше улоги и во бројни вестерн филмови, како „Отворен простор“, како и во мини-серијата „Скршена патека“ за која ја доби наградата Еми. Како режисер и сценарист беше во филмот „Апостол“ од 1997 година за кој, исто така, беше номиниран за Оскар.

Во кариерата беше во улоги и на историски личности, како Роберт Е. Ли, Јосиф Стаљин и Адолф Ајхман. Беше оженет четири пати, а од 2004 година беше во брак со аргентинската актерка и режисерка, Лусијана Педраз.

Беше поддржувач на Републиканската партија во САД и во 2004 година доби Национален медал за уметност.

По повод неговата смрт, како што се наведува во соопштението на неговиот претставник, нема да се организира официјална комеморација.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бебе продадено за 500 евра, кривична за шест лица за трговија со дете

Kristina Kuzmanovski

Либан пријави израелски напади и покрај прекинот на огнот

Kristina Kuzmanovski

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе