Денес на пристаништето Росток – Германија контролиран е македонски возач кај кој е утврдено надминување на 3 дена од дозволените 90 во 180, објави на својата Фајсбук страница Асоцијацијата на превозници Макам-транс.
- За истото изречена им е парична казна од 150 евра и побарано е потврдна резервација за авион со кој доброволно ќе ја напушти Германија, а возилото кое е товарено ќе се предаде на друг возач од истото превозно трговско друштво да ја продолжи превозната операција. При напуштање на Германија на возачот ќе му биде издаден документ на кој ќе е наведено кога повторно ќе му биде дозволен влез во Шенген зоната, стои во објавата.
Потенцираат дека согласно искуството од регионот се препорачува избегнување на пристаништето Росток и Салзбург како места на кои најчесто се врши контрола.
Од Макам-транс најавуваат подетални информации по состанокот на работната група во Европска комисија во врска со донесување конкретни решенија во врска со шенген правилата за продолжен престој на професионалните возачи 90 во 180 дена.
Странските инвеститори да излобираат олеснување за балканските камионџии во Шенген
