Вести Македонија

(видео)Шилегов: Монополизација во носењето на одлуките е причина за поларизација во СДСМ

Монополизацијата во носењето на одлуките е причина за поларизација на СДСМ, меѓу актуелните пратеници, како и високи актуелни и поранешни функционери внатре во партијата, смета Петре Шилегов.

Да ја сведете поддршката на партијата на само стотина илјади гласови и само 15 пратеници, да станете петта партија во Скопје, трета во Македонија, што е тоа ако не катастрофа, рече Шилегов во Топ Тема.

  • Ќе дојде до определени барања не само од моја страна, туку од сериозна групација во партијата, меѓу кои има и актуелни пратеници, кои исто така немаат никаква комуникација со раководството. Кога ќе излезат од партијата дел од пратениците, можеби половина од пратеничката група, кога дел од општинското раководство ќе ви ги затвори вратите, тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете од функција, рече Шилегов.

Тој рече дека денеска јавноста слушнала дека СДСМ нема да го поддржи проектот „Сејф Сите“ и праша, кој партиски орган и кога ја донел оваа одлука, бидејќи секогаш порано за сериозни прашања во партијата имало сериозна дебата. Прашува „кога се одржал Извршниот одбор и Централниот одбор, како и координација на пратеничката група на која е донесен став да не се поддрши определен закон за којшто сме согласни дека има контроверзи во него“.

Шилегов рече дека не може три дена пред конгрес да се заклучени општинските организации.

Според него промена на ваквата состојба може да донесе само оставка од страна на  актуелното раководство.

„Ситуацијата е премногу сериозна. А СДСМ е судбински врзан со судбината на оваа држава“, рече Шилегов, и истакна „историјата познава многу генерали кои останале без војска“.

Не само што е пасивизирано членството, пасивизиран е поголем дел од онаа полиберална популација кон која СДСМ гравитира, вели Шилегов.

Според него СДСМ бил алтернатива, дури и кога бил опозиција, а сега „со неодењето на лидерска средба сме изолирана партија“.

„Убеден сум дека со вакво ВМРО-ДПМНЕ, ако се консолидираме за два месеци, на следните избори може да го поразиме. Поразително е да имате мнозинско опозициско расположение, а како опозициска партија СДСМ, да се борите со ДУИ и Левица, за втора и трета опозициска партија, а не да биде лидер на опозицијата. Ако дојде до брза промена на раководењето и креирањето на политики на СДСМ, јас ви гарантирам дека на следните вонредни избори, ваквото неспособно ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе го порази“, потенцираше Петре Шилегов во вечерашната Топ Тема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Без согласност на СДСМ и Левица, власта ги поднесе измените на Изборниот законик – електронското гласање на дијаспората на гласање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе