Вести Економија Македонија

ССМ го загуби трпението – протест на 28 јануари

Трпението на ССМ истече. Следната среда во 17 часот Синдикатот ќе го одржи првиот во низата протести откако не беа прифатени нивните барања за 600 евра минималец кој сега ќе се зголеми за околу 1.600 денари и тоа од март. Протестите ќе продолжат и со блокади а се најавува и еднодневен генерален штрајк. Паралелено Синдикатот ќе почне да собира потписи за да може да поднесе закони до Собранието.

„Секој што ќе остане дома дава поддршка на политиката на ниска минимална и ниска работничка плата“ порача претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

  • „Во среда излегуваме на улица да го изразиме работничкото незадоволство. Потоа продолжуваме со таргетирани блокади на одредени институции и локации за да се почувствуваат и тие како и ние. Не блокираат цела година ќе ги блокираме и нив. Потоа продолжуваме со генерален штрајк и во јавниот и во приватниот секот. Синдикатите ќе ги повикаат сите работници да им се придружат на генерален 24 часовен штрајк и секој ќе биде заштитен и нема да може да добие отказ“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Од ССМ нагласуваат дека во отсуство на социјален дијалог една третина од работниците во Македонија примаат плата под прагот на сиромаштијата кој изнесува 31.200 денари. Затоа Синдикатот ќе собира 10 илјади потписи, колку што е предвидениот минимум и ќе достави два закони во Собранието.

  • „Доколку немаат слух, ќе им собереме и 10 илјади потписи, ќе станеме овластен предлагач на законите и ќе побараме намалување на функционерските плати за 78 проценти и зголемување на минималните плати на 600 евра и зголемување на платите на сите работници за разликата“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Од 1 јануари Македонија ја има најниската минимална плата во регионот. Минималната синдикална кошничка пак скокна за илјада денари за само еден месец и сега изнесува 66.413 денари што значи дека се потреби над две и пол минимална плати за да се покрие основниот минимум за да може да преживее едно четиричлено семејство.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Без согласност на СДСМ и Левица, власта ги поднесе измените на Изборниот законик – електронското гласање на дијаспората на гласање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе