Изминатиот викенд во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода М.П. (24) од Куманово и М.В. (41) од селото Љубодраг, кумановско.
Како што информираат од полицијата, службеници од СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, извршиле контрола во угостителски објект во селото Доброшане, кумановско, сопственост на М.П.
За време на контролата, во објектот биле затекнати 15 малолетници на приватна прослава организирана од М.В., при што кај 11 од нив било утврдено дека консумирале алкохол.
По целосно документирање на случајот, против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
T.Д.
