Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави мирна граѓанска блокада која ќе се одржи утре во 18 часот, на раскрсницата на булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, во правец кон цементарницата „Усје“.
Блокадата, како што велат организаторите, е резултат на неуспешниот дијалог со институциите и долгогодишната загриженост за загадувањето и здравјето на граѓаните, особено на децата.
Едно од барањата на иницијативата е поставување мерни станици со 24-часовен мониторинг на квалитетот на воздухот.
Денешната пресконференција ја проследи Симона Петровска, која се јави за Вестите на Телма во 12.30
Б.С.
