Вести Македонија

Внук осомничен за обид за убиство на баба во Битола

Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против 28-годишен маж, осомничен за обид за убиство на својата баба, при вршење семејно насилство во домот каде заедно живееле.

Делото е квалификувано како „Убиство во обид“. Според обвинителството, на 17 јануари осомничениот ја блокирал влезната врата од куќата на улицата „Лавчанска корија“, по што со раце ја удирал жртвата по главата и телото сè додека не паднала во бессознание.

Жената се здобила со тешки телесни повреди, вклучувајќи крварења и нагмечување на мозокот, скршени ребра и исчашувања, со што ѝ бил загрозен животот. По настанот, осомничениот избегал, но набрзо бил приведен.

Обвинителството побара притвор поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци, а поради сомнежи за нарушена психичка состојба, предложено е тој да биде испратен на психијатриска опсервација и вештачење во Психијатриската болница во Демир Хисар во траење од најмалку еден месец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владината сложувалка пред финиш: Ресорите поделени, реконструираните имиња сè уште „под клуч“

Дејан Дејан

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе