Свет Топ вести

Во Грција веќе нема протести без полициско одобрение

Во инцидентите што вчера се случија пред грчкиот Парламент за време на протестот против новиот закон за штрајкови и собири, повредени се шест полицајци, а уапсени се девет лица.

Поголема група маскирани млади лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели и разни тврди предмети, а полицијата одговори со шок бомби и солзавец. Освен во Атина, протести се одржаа и во 40 други града, на кои учествувале речиси 10.000 луѓе.

По жестока дебата, грчките пратеници со 187 гласа „за“ и 101 „против“ го изгласаа новиот закон, кој овозможува кривично гонење на на демонстранти кои присутвуваат на митинзи без одобрение од полицијата, а организаторите ќе одговараат за направената штета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубикон си наплаќал по тендери и со одземена лиценца

Дејан Дејан

Два онколошки лека префрлени од болничка во примарна позитивна листа

Дејан Дејан

Младите не веруваат во брз влез во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе