Вести Свет Топ вести

Нов руски напад на Русија врз Киев, има загинати

Две лица загинаа, а најмалку четири се повредени во руски напади врз Киев рано утрово. Ракетите погодија станбени објекти во два цивилни квартови, предизвикувајќи голем пожар и значителна материјална штета. Украинското Министерство за енергетика соопшти дека била погодена и енергетска инфраструктура, но без детали за видот и обемот на штетата. Локалните власти објавија снимки од пожарот кој зафатил повеќекатница во источниот дел на градот. Напад доаѓа на само ден од разговорите во Женева меѓу претставници на САД и Украина за можен мировен план посредуван од Вашингтон. Украинскиот делегат Олександар Бевз изјави дека средбата била „многу конструктивна“, додека Кремљ соопшти дека сè уште не го добил ажурираниот предлог-план.

-Лежев во кревет. Се случи силна експлозија и стакло се скрши врз мене. Прозорецот се скрши целосно, обсипувајќи ме со стакло. Целиот стан, сè што беше таму, беше скршено. Дури и огледалото во ходникот беше скршено. Не влегов во втората соба, не знам што има таму. Сè во овој стан беше скршено, апсолутно сè. Не верувам во тоа во мировниот план, никој никогаш нема да направи ништо во врска со тоа, вели повредена жителка од оштетената зграда во Киев.

Спиев овде на креветот. Се свртев и слушнав како сè лета, пука, не можам нида опишам како беше. Веднаш вреснав, моите девојчиња, внуците излегоа, а тука имаше стакло. Тука сите прозорци излетуваа, таму беше искривено, во кујната беше искршен прозорец.Тие пишуваат едно, но си прават посвое. Војната нема да престане. Ми се чини така. Никакви преговори нема да успеат. Ова е изговор од сиромашните луѓе. Не знам ни што да кажам, нема зборови, изјави  Нина Дорожинска, жителка на оштетената зграда.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доцова по средбата со Гаши: Потребно е да се направат уставни измени

Дејан Дејан

Буџетскиот дефицит се зголемува за 110 милиони евра

Дејан Дејан

Мицкоски го информирал НАТО за објавена дипломатска нота

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе