Две лица загинаа, а најмалку четири се повредени во руски напади врз Киев рано утрово. Ракетите погодија станбени објекти во два цивилни квартови, предизвикувајќи голем пожар и значителна материјална штета. Украинското Министерство за енергетика соопшти дека била погодена и енергетска инфраструктура, но без детали за видот и обемот на штетата. Локалните власти објавија снимки од пожарот кој зафатил повеќекатница во источниот дел на градот. Напад доаѓа на само ден од разговорите во Женева меѓу претставници на САД и Украина за можен мировен план посредуван од Вашингтон. Украинскиот делегат Олександар Бевз изјави дека средбата била „многу конструктивна“, додека Кремљ соопшти дека сè уште не го добил ажурираниот предлог-план.
-Лежев во кревет. Се случи силна експлозија и стакло се скрши врз мене. Прозорецот се скрши целосно, обсипувајќи ме со стакло. Целиот стан, сè што беше таму, беше скршено. Дури и огледалото во ходникот беше скршено. Не влегов во втората соба, не знам што има таму. Сè во овој стан беше скршено, апсолутно сè. Не верувам во тоа во мировниот план, никој никогаш нема да направи ништо во врска со тоа, вели повредена жителка од оштетената зграда во Киев.
–Спиев овде на креветот. Се свртев и слушнав како сè лета, пука, не можам нида опишам како беше. Веднаш вреснав, моите девојчиња, внуците излегоа, а тука имаше стакло. Тука сите прозорци излетуваа, таму беше искривено, во кујната беше искршен прозорец.Тие пишуваат едно, но си прават посвое. Војната нема да престане. Ми се чини така. Никакви преговори нема да успеат. Ова е изговор од сиромашните луѓе. Не знам ни што да кажам, нема зборови, изјави Нина Дорожинска, жителка на оштетената зграда.
