Вести Македонија Топ вести

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски денес реагираше дека Бугарија преку дипломатска нота открила дека неговата сопруга и едниот од двата сина три дена минале во Пампорово и дека со тоа им ја загрозиле безбедноста.

  • „Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе една дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово, нешто што е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена. Замислете ние да ги изавадиме сите дипломатски ноти кои ги испраќаат од нашиот источен сосед – и во тие ноти исто така пишуваат работи кои би биле исто така  интересни за јавноста“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека за објавувањето на дипломатската нота ги информирал и партнерите на НАТО – затоа што се загрозува бебзбедноста на моето семејство додаде тој.

Дипломатската нота за која предупреди премиерт е допис со кој македонската амбасада во Софија го информира Министерството за надворешни работи на Бугарија дека сопругата и еден од синовите на премиерот ќе патуваат во Пампорово, Бугарија.

Известувањето е од 6 јануари годинава, а се однесува на патување два дена подоцна, односно на 8 јануари.

Како што може да се види во дипломатскиот документ, објавен од групата „Грубовци, Ениџе Вардар – родна Македонија“ на Фајсбук, во него покрај датумот на патувањето, наведено е приближното време кога сопругата и помалиот син на Мицкоски ќе ја преминат границата меѓу Македонија и Бугарија, како и детали за нивното обезбедување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе