Вести Најважни Свет

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Вашингтон одобри 60-дневно олеснување на санкциите кон Иран, со кое до 21 август се дозволуваат производство, продажба и испорака на иранска сурова нафта и петрохемиски производи. Мерката отвора можност и за директен увоз на иранска нафта во САД, како и за банкарски, осигурителни и транспортни услуги.

Шеесетдневното ослободување од санкции е издадено од американското Министерство за финансии  со што се прекинува долгогодишното ембарго на Вашингтон, кое историски ја задушуваше економијата на Техеран.

Истовремено Техеран го демантира тврдењето на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека ќе дозволи враќање на нуклеарните инспектори, објави „Би-би-си“.

По преговорите во Швајцарија, Венс изјави дека разговорите со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) би можеле да почнат „уште денеска“.

Но, иранското Министерство за надворешни работи за државните медиуми соопшти дека Техеран не презел „никакви нови обврски“ во врска со нуклеарните инспекции.

Во заедничка изјава објавена во понеделник, медијаторите Катар и Пакистан изјавија дека по првата рунда разговори во швајцарското одморалиште Биргеншток, САД и Иран се согласиле на „мапа на патот кон постигнување конечен договор во рок од 60 дена“.

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе