Дњсетина лица се уапсени во УЈП Штип, Кочани и други градови, потврди државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Предистрагата е поврзана со кабарето Пулс и корупциски активности на даночни инспектори, раководители и службеници.
- Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица кои беа вработени во УЈП, а поврзани на некој начин со кочанскиот предмет. Во текот на минатиот ден и денеска се преземаат дејствија. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на одредени локации кај лицата опфатени со кривичната пријава, рече обвинителот Коцевски.
Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничените се товарат за кривични дела примање и давање мито, како и за злоупотреба на службената положба и овластувања.
- Ова е постапка во врска со предметот за Кочани. Во моментов не можам да соопштам повеќе детали. Од она што го имам како информација, јавниот обвинител ќе предложи мерки на претпазливост, додаде Коцевски.
Државниот обвинител потврди: Претресите и апсењата во Штип се поврзани со Пулс
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
