Вести Македонија Најважни

Апсењата се поврзани со Пулс каде се случи трагедијата, обвинителот Коцевски посочи дека се уапсени 10-на лица поради сомнеж за мито и други кривични дела

Дњсетина лица се уапсени во УЈП Штип, Кочани и други градови, потврди државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Предистрагата е поврзана со кабарето Пулс и корупциски активности на даночни инспектори, раководители и службеници.

  • Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица кои беа вработени во УЈП, а поврзани на некој начин со кочанскиот предмет. Во текот на минатиот ден и денеска се преземаат дејствија. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на одредени локации кај лицата опфатени со кривичната пријава, рече обвинителот Коцевски.

Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничените се товарат за кривични дела примање и давање мито, како и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

  • Ова е постапка во врска со предметот за Кочани. Во моментов не можам да соопштам повеќе детали. Од она што го имам како информација, јавниот обвинител ќе предложи мерки на претпазливост, додаде Коцевски.

Државниот обвинител потврди: Претресите и апсењата во Штип се поврзани со Пулс

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе