Вести Македонија Топ вести

Маглешов во Топ Тема: Ова судење е судење на емоции – постапката мора да биде правна и правно издржана

Почна судењето за несреќата во т.н. кабаре “Пулс”. Кои се очекувањата на јавноста, а кои процесните предизвици ? Ефикасна правда или долг и неизвесен процес?

Дали власта ги напушта сите постулати за реформи во судството што сама ги постави?

Во Топ Тема Боби Христов дебатира со адвокатите Драган Малиновски и Јанаки Митровски и Васко Маглешов, новинар.

  • Ова судење е судење на емоции. Денеска видовме дека има правни компромиси, во основа тоа беше и очекувано со оглед на големиот број на обвинети и уште поголемиот број на оштетени. Ние како новинари седевме зад родителите, оние кои имаат изгубено блиски во нивните семејства. Сум присуствувал на многу судеа, бев и на првото судење за „Ласкарци“, но ова е прво вакво судење на кое има толкав наплив на енергија и емоции, бидејќи ние имавме и непосредна комуникација со родителите и за време на паузите и за време на судењето. Емоциите не може да се прикријат тоа се човечки особини посебно за оние кои изгубиле некој близок. Важно е судот да води една разумна постапка и обвинителството и одбраната да имаат предвид дека постапката мора да биде правна и правно издржана. Во основа ние разговараме за два концепти, еден е правниот, а другиот е правдата. За мене и за вас правда може да значи нешто различно, меѓутоа судот мора да овозможи услови за едно фер судење во коешто емоциите како такви ќе постојат, но ќе овозможи постапка тоа да не влијае на донесувањето на одлуката односно на правораздавањето како такво, истакна Васко Маглешов, новинар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе