Македонија Топ вести

Случај „литија“: Дисциплинска постапка за началникот на ОВР Струга, опомена за началникот

Дисциплинска постапка за  началникот на ОВР СТРУГА, а опомена за началникот и дополнителниот заменик началник на СВР Охрид предлага Внатрешната контрола за прекршување на процедурите и законите во случајот „Литија во Струга“, соопштија за Телма од МВР.

Внатрешната Контрола “утврди  елементи за постоење на одговорност кај раководни полициски службеници од СВР Охрид за постапување спротивно на законските прописи и Одлуките на Влада за време на пандемија, како и постапување спротивно на правилата и прописите кои се применуваат во Министерството за внатрешни работи “ – соопштија од МВР .

Како што дознава Телма, според наодите на Внатрешната контрола, одржувањето на Литијата не смеело да се дозволи, поради што следуваат и казните кои се предлагаат. Началникот на струшката полиција ќе одговара дисциплински за потешки повртеди на работниот ред и дисциплина, а началикот на СВР Охрид и неговиот дополнителен заменик ќе добијат опомена за „несоодветно однесување и извршување на работни задачи“.

ОД МВР не одговорија на прашањето дали полициските службеници ќе одговараат и кривично за злоупотреба на слижбена должност, и дали извештајот е предадени до ОЈО Струга кое води посебна истрага, освен дека соработуваат со струшкото обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе