Вести Македонија Топ вести

Села испорача три услови без кои нема да разговара за влез во владата

Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, нема да седне да разговара за влез во владината коалиција, доколку таа претходно не прифати уставни измени за откочување на евроинтегративниот процес, замена на терминот „20 проценти“ со „албански јазик“ и Уставниот суд да носи одлуки со Бадентер.

Села за Телма вели дека досега не добил покана за влез во владината колаиција, но оти по пишувањето на дел од медиумите за негов влез во владата, тој јавно го кажува условот без кој не размислува да разговара за такво нешто.

„Ова нека биде сфатено како моја порака до владата“, изјави Села во телефонски разговор за Телма.

Притоа тој таксативно ги наведува трите измени на Уставот, кои власта ќе мора прво да прифати дека ќе ги направи, за да може да разговараат за идно коалицирање.

„Впишување на Бугарите во Преамбулата на Уставот како што е договорено со Европската унија.  Промената на формулацијата во Уставот – „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“. Во 2001 беше уредено, за да се спречи мајоризацијата, да се носат закони со бадентерово мнозинство, но мајоризацијата е активна додека Уставниот суд ги поништува законите кои се однесуваат на етничките теми. Поради тоа и во Уставниот суд треба да се одлучува со Бадентер“, вели Села за Телма.

Села во интервју за телевизија „Шења“ во кое првично ги објави условите без кои нема да разговара за влез во владата најави и реорганизација на партијата, односно дека Алијанса за Албанците мора да се справи со себе и да ги заштити своите интереси, а велејќи дека тој е дел од Европскиот фронт, најави напуштање на коалицијата Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, која, како што вели, била само за локалните избори. Села во интервјуто одби обединување со Арбен Таравари, поранешниот сопартиец, со кога ја поделија Алијанса за Албанците.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ во Директно: Заборавивме и на моралната одговорност, кадешто далеку е поширока лепезата на обвинети кои сепак нема да бидат обвинети

Дејан Дејан

Ќе си делат ли контејнер неколку угостители за да избегнат казни за фрлање смет по 22 часот?

Дејан Дејан

Корупцискиот скандал со проневери преку ИПАРД на опозициските пратенички прашања – обвинувањата се префрлија на собраниска говорница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе