Законски измени за неколкукратно повисоки казни при картелско здржување и изигрување на Законот за забрана на нефер трговски практики. Ова е решението на Владата со кое се надева дека ќе ги дисциплинира пред се големите трговци а законските измени треба да бидат готови и на сила во текот на идната година.
Триесет пријави за картелско здржување досега се поднесени од Kомисијата за заштита на конкуренцијата, вклучувајќи ја и онаа против четири ланци на големи маркети и Сојузот на стопански комори а добиени се голем број на пријави од добавувачи кои посочуваат на притисоци од големите трговци.
Сојузот на стопански комори кој беше на тапет кај Комисијата плати дел од казната, а кај Управниот суд течат постапките за останатите пријавени. Договор меѓу синдикатите и работодавачите за повисок минималец или зголемување во март по постоечката формула. Владата останува на цврстиот став во поглед на барањата на ССМ за вонредно зголемување на минималната плата на 500 евра.
Заменик министерот за економија, Марјан Ристески, на иста линија како министерот Дурмиши, зголемувањето на минималецот ќе влијае на растот на стапката на инфлација и на економијата во државата. Економско социјалниот совет, кој после неколку месеци неактивност треба да се состане до крајот на овој месец, го посочи како местото каде што ако падне договор меѓу работодавачите и ССМ, што е малку веројатно, Владата ќе го испочитува.
ССМ пак минатата недела презентираше анкета на база на 1.600 испитаници според која огромното мнозинство работници сметаат дека минималната плата треба да се зголеми на 600 или 700 евра и дека треба да се почне со протести и штрајкови.
Огнен Чанчаревиќ
Дигитална обработка: T.Д.
