Бизнис објектив

Борнхолм си поставил цел да стане првата заедница без отпад во светот

Еден мал остров во Балтичкото Море моментално ги полни насловните страници низ целиот свет со абициозна цел. Борнхолм, со своите 500.000 до 600.000 туристи годишно, си поставил цел да стане првата заедница без отпад во светот. Ова значи дека сè треба да се рециклира, а депониите и постројките за согорување на отпад треба да станат непотребни.

-Луѓето ќе можат да шетаат овде околу островот, меѓу дрвјата во шумата, меѓу природата. И потоа ќе се качите овде и ќе уживате во погледот, изјави Џеспер Пројс Јустесен- раководител на Одделот за животна средина.

Според раководителот за животна средина Јустесен 70 проценти од целиот отпад во местото веќе може да се рециклира. За да го направат ова, тие го делат во 72 различни категории. Секоја година се додава по една нова категорија. Жителите на Борнхолм мора да го одделат својот отпад во 12 различни категории. За таа цел им се дадени неколку контејнери со повеќе прегради. А за да се осигураат дека никој нема да се збуни, има кратки објаснувачки видеа. Секој што го одделува својот отпад погрешно добива белешка од собирачот на отпад како предупредување и неговата контејнерска канта не се празни.

-Не е толку тешко јас мислам. Не е најлесно, бидејки е ново и за нас. Не сме сортирале долго време по овој распоред.

-За мене не е толку тешко. Поради декларациите на пакетите. Таму покажува каде точно треба да се стави се, велат граѓани.

Борнхолм добива субвенции од ЕУ. Но, тие не ги покриваат сите трошоци. Како резултат на тоа, надоместоците за отстранување на отпад за жителите се зголемија за 50 проценти на еквивалент од 600 фунти годишно.

-Многу, многу е поскапо. Не е добро. Премногу е скапо, изјави жител на Борнхолм.

Жителите на островот се организираат сами. Во многу села се поставени станици за споделување велосипеди или алатки. Една третина од жителите се организирани во Фејсбук група каде што разменуваат работи. А во продавница за повторна употреба, можете да го купите она што на другите повеќе не им е потребно. Брита Детлефесен, жителка која помага во организирањето на продавницата вели дека е горда на нејзините сограѓани и посветеноста на нејзиниот остров.

-Природата е толку сеприсутна овде и и и. Мораме да ја заштитиме / се чувствуваш добро што некако можеш да направиш разлика, вели Брита Детлефсен, жителка на Борнхолм.

Борнхолмери имаат уште седум години пред себе. Тоа е амбициозен план  според кој жителите особено, треба да прифатат се, за да може да успее нивниот план и нивниот остров да стане првата заедница во светот без отпад.

Секоја година, во ЕУ се создаваат речиси 60 милиони тони отпад од храна, односно 130 килограми по лице и 12,6 милиони тони текстилен отпад, при што само од облека и обувки се генерираат 5,2 милиони тони отпад или 12 килограми по лице. Се проценува дека во целиот свет во нови производи се рециклира помалку од еден отсто од целиот текстил.  Европскиот парламент во мај годинава, одобри нови регулативи на ЕУ за спречување и намалување на отпадот од храна и текстил и за циркуларност во автомобилскиот сектор, со што ќе биде опфатен целиот „животен циклус“ на возилата, од нивниот дизајн, до конечен третман по престанокот на нивното користење.

К.К.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бизнис објектив: Со какви предизвици се соочува винската индустрија?

Дејан Дејан

Како климатските промени влијаат на нордиските лозја со богати берби на грозје

Дејан Дејан

БИЗНИС ОБЈЕКТИВ: Отпадот како можност за одговорен бизнис

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе