Првпат во историјата се прави буџет без консултации со буџетските корисници за да се утврдат приоритетите. Економскиот раст е проектиран врз база на лесен оптимизам, а реалноста е сосема друга. Почна расправата за новиот буџет за идната година. Опозицијата со силни критики за кроењето на државната каса. Велат од бројките може да се види дека нема да биде запазена дисциплината на трошење.
И од Фискалниот совет излегоа со забелешка дека Владата го усвоила овој буџет без нивно мислење. Другата забелешка на советот беше и тоа дека доколку се прифати нивниот совет во јавниот долг да се пресметуваат и доспеаните а неподмирени обврски тој би бил поголем од 62 отсто.
Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Стојановски во одбрана на државната каса рече новиот буџет е со реални приходи и скратени расходи.
Министерката Кочоска пак која го образложи буџетот пред пратеници рече дека тој ќе обезбеди стабилност, раст, инвестиции.
Инаку, со предлог буџетот Владата идната година планира да потроши над 6, 7 милијарди евра а да се собере 6 милијарди евра. Повеќе пари има за плати и пензии, помалку за социјални трансфери. Проекциите се дека економскиот раст ќе биде 3, 8 отсто, дефицитот над 630 милиони евра, приближно колку што е предвидено за капитални проекти, каде има кратење.
Растот се предвидува да биде 3, 8 отсто инфлацијата 2, 5 проценти. Јавниот долг пак според фискалната политика ќе надмине 62 отсто од БДП.
Ирена Чачкова
Б.С.
